Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународната организација за миграции (МОМ) ја повикаа Европската унија да најде заедничко решение и нов пристап за мигранската криза во Средоземното Море.

Двете агенции на светската организација се обратија до земјите-членки на ЕУ да се договорат за заеднички мерки кои „драстично ќе намалат неразумна загуба на човечки животи во морето".

„Во изминатите 10 дена сме сведоци како бродови во Средоземното Море, што носат спасени бегалци и други мигранти, не можат да впловат во пристаништа поради политички несогласувања во Европа", се вели во соопштението на високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 10:32