Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се состане со италијанскиот премиер Џузепе Конте во Белата куќа на 30 јули, соопшти Белата куќа, а главна тема на разговорите најверојатно ќе биде трговските спорови меѓу САД и ЕУ.

САД и Италија ќе ја продлабочат соработката во решавање на глобалните судири и ќе ја продлабочат економската соработка на двете страни на Атлантикот, стои во изјавата.

Претходно овој месец, Трамп преку Твитер го пофали Конте како „навистина добро момче“, откако се сретнаа на состанокот на водечките земји Г7 во Канада.

Трамп состанокот го напушти пред неговото завршување, одбивајќи да се придружи на заедничкото соопштение поради разликите во трговијата. Трамп ги обвини американските трговски партнери дека ги искористуваат САД.

Конте, кој ја презеде должноста на 1 јуни, го поддржа повикот на Трамп, Русија повторно да се приклучи на Г7.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 11:01