За „грчкиот карактер на Македонија“ и против Договорот од Преспа, граѓаните во Солун вчера одржаа протест пред Министерството за Македонија и Тракија.

Со чадори и грчки знамиња во рацете стотици Грци и покрај дождот извикуваа слогани дека Македонија е грчка и дека не се согласуваат со потпишаниот Договор.

Собирот заврши со протест низ улиците на Солун, а мали инциденти се случија кога група од 50-ина лица, според солунските медиуми, нападнале припадници на анархистички организации, без да има повредени.

По завршувањето на собирот, непознати лица фрлиле боја врз споменикот на Холокаустот во центарот на Солун.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за конкретниот инцидент, преку Твитер, реагираше владиниот портпарол и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, упатувајќи обвинувања до Нова демократија.

- Нова демократија веднаш да го осуди сквернавењето на споменикот на Холокауст во Солун од страна на фашистите. Да престане да им нуди политичка покритие и легитимитет, напиша Ѕанакопулос.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 11:55