Турското обвинителство издаде налози за апсење на 57 офицери од вооружените сили во истрага насочена против организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, која во Турција се смета за терористичка.
Истрагата ја спроведува обвинителството во округот Батмен, но активности се преземени во вкупно 28 окрузи на Турција.
Наредби за апсење се издадени за воен персонал од активниот состав на армијата. Од осомничените, 21 се офицери на жандармеријата, 30 од воздухопловните сили и шест од копнените сили.
Засега не се знае колкумина се притворени. Акцијата за апење продолжува.
Според турските власти, групата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, стои зад обидот за државен удар во Турција во 2016 година. Пет дена по пучот во земјата беше воведена вонредна состојба. По неуспешниот пуч таа беше продолжувана на секои три месеци, а последните информации говорат дека вонредната состојба повеќе нема да се продолжува.
Од јули 2016 година, по неуспешниот државен удар, десетици илјади луѓе беа притворени или отпуштени од нивните позиции во јавниот сектор во рамките на кампањата на властите.