Зоран Заев е товар кој ја обременува и влече надолу Република Македонија. Државата остана надвор од структурите на ЕУ поради неспособноста на власта.

СДСМ во својата изборна програма ветуваше датум за почеток на преговори до крајот на 2017 година и излажа. Зоран Заев лично ветуваше дека мора да се брза со ратификацијата на капитулантскиот договор за промена на името во Собрание, за на самитот на ЕУ на 26 јуни државата да добие зелено светло за безусловно отпочнување на преговори. Заев излажа.

Зоран Заев и СДСМ повеќе од една година ги лажат граѓаните. ЕУ јасно порача дека за почеток на преговори единствено клучно е спроведувањето на реформите, а не продажбата на името.

Македонија повеќе од една година тапка во место. Корупцијата е на високо ниво, институциите и судството се партизирани, а криминалот на картелот на власт метастазира. Оваа неспособна влада не ги исполни критериумите и тоа е констатирано.

Зоран Заев наместо на реформи и проекти од корист на граѓаните се посвети на продажба на државните интереси. Додека државата пропаѓа на економски план поради неспособноста на власта, Зоран Заев склучува штетни договори, со кои Република Македонија се понижува.

Зоран Заев нанесе непроценлива штета на позициите на државата. Зоран Заев прифати промена на Уставот, идентитетот и јазикот. Зоран Заев создаде национална катастрофа.

Република Македонија со СДСМ на власт доживува само порази. Нема човек кој е задоволен, и живее подобро било да е во образованието, земјоделието, јавната администрација, бизнисот, или здравството. Штетите ги трпат и пензионерите и младите кои што се најмногу погодени и веќе не ја гледаат иднината и си заминуваат.

Државата не смее да продолжи по овој пат. Пропаста мора да се запре. Република Македонија заслужува подобро. Државата мора да оди напред. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 12:32