Неспособноста во дипломатијата не се покрива со домати. Домат дипломатијата и прави штета на Македонија.

Скапаа доматите од годинешната реколта, а Зоран Заев и Никола Димитров не успеаја да испорачаат реформи за преговори со ЕУ. ЕУ бара резултати, а не препродавачи на име и домати.

Домат дипломатијата на Димитров го доживеа својот дебакл. Доматите кои требаше да патуваат во ЕУ остануваат скапани за Димитров и Заев. Ќе скапуваат уште најмалку година ипол, а со неспособната и расипничка власт загрозени се и наредните реколти.

Не само што не може криминалот и корупцијата да ги покријат со трудот на земјоделците, туку не им помогна ни обидот заедно со доматите да го понудат македонското име и идентитет.

Господине Димитров, младите немаат ама баш никаква корист од вашата домат дипломатија. Македонија останува закопана и обезличена заради вашата неспособност која ја компензирате со крајна несериозност. Знаеме дека не сте се мрднале од скапите фотелји за да ја видите маката на земјоделците, да произведат гајба домати и дека мува не ве лази дали и во наредната година тие ќе имаат пласман или ќе ги продаваат по рекордно ниски цени кои не ги покриваат ниту трошоците на производство.

Младите се загрижени. Наместо вие да се подбивате со државата и да нудите домати за членство во ЕУ, ние Ви купивме домати и Ви ги оставивме само да си заминете и да престанете да и правите штета на државата. Ветивте почеток на преговорите, а ни донесовте само грчка салата платена со името Република Македонија.

Ви посакуваме успех во натамошната кариера која се надеваме дека ќе ја продолжите како раководител на производство на туршија во „Мамас“ кај Заеви.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 12:35