Пет лица загинаа денеска кога чартер авион се урна во Мумбај.

Полицијата соопшти дека не се знае точно колку луѓе биле во авионот, кој се урна во близина на висококатница во изградба.

Телевизијата „Индија тудеј“ извести дека авионот се урнал во областа Гаткопар додека се подготвувал да слета во Мумбај.

Во еден телевизиски извештај од Индија, беше наведено дека загинал пилот на авионот, тројца патници и едно лице кое се наоѓало на местото на падот на авионот.

Полицијата и пожарникарите се на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 12:43