Иран нема да попушти пред притисоците и ќе ги реши сите проблеми без да го жртвува својот национален дигнитет и слобода, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.

Тој во телевизиското обраќање наведе дека Иран никогаш нема да се предаде пред Америка, но „САД ќе ги клекне на колена“.

- Мораме да му покажеме на светот дека ќе ги надминеме проблемите и потешкотиите, без жртвување на нашата слобода, независноста, демократија, републикански систем, религија и култура, посочи Рохани.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на почетокот од мај најави дека САД се повлекуваат од иранскиот нуклеарен договор потпишан во 2015 година и оти повторно ќе воведе санкции кон Иран.

Официјален Техеран тврди дека има право на збогатување на ураниум во мирнодопски цели.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 14:07