Триесетиосумгодишна мигрантка од Јордан беше уапсена денеска во Белград под сомнение дека заразила со ХИВ неколку лица, пишува весникот „Блиц“.

Полицајци ја нашла Фатима на улица во Белград и кога се обиделе да и напишат казна за проституција, таа немала пари за да плати и била приведена.

Фатима била барана од полицијата откако било откриено дека во последните десетина дена нудела сексуални услуги за пари во Белград. Се верува дека мигрантката е заразена со ХИВ, а во последниве денови изложила на опасност неколку лица.

Претходно, Блиц пишуваше дека Фатима шири ХИВ вирус цела година во Србија. Пред една година, Фатима се обидела да ја премине границата со Унгарија во близина на Суботица, но била фатена. Потоа таа била испратена во бегалски центар, од каде што избегала на 22 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 14:13