Наместо да се крие зад соопштенија Иванов треба пред граѓаните да одговори за што ги троши нивните пари.

Зошто Иванов има потреба нешто да прикрива од оние што го плаќаат, од граѓаните?

Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери.

Одбивањето на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење преку која граѓаните во секој момент ги имаат на увид информациите и податоците за трошењето на нивните пари е уште еден доказ дека Иванов не ги почитува граѓаните.

За ова неодговороно однесување на Иванов граѓаните сами ќе ценат.

Јасно е, целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 14:25