Просечната исплатена нето плата во Хрватска за април оваа година изнесуваше 6.220 куни (843 евра), што на месечно ниво е намалена за 1,2 отсто, додека на годишно ниво е зголемена за 3,8 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Највисока просечна месечна нето плата по вработено лице во април е исплатена во финансиските и услужните дејности во износ од 10.427 куни, додека најниската плата изнесуваше 4.035 куни (546 евра), исплатена на вработени во производството на кожа и сродни производи.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 14:52