Македонија секојдневно ја плаќа цената на неспособната и расипничка влада на СДСМ. Преговорите за членство во ЕУ не почнуваат и не може да почнат се додека фирми донатори на СДСМ добиваат стотици илјади евра преку сомнителни набавки, органите на прогонот се плашат да спроведуваат истраги, судовите го ослободуваат Зоран Заев од очигледна одговорност за корупција, а администрацијата се полни со некомпетентни партиски кадри.

Тоа е тажната и разочарувачка вистина која ја гледаат граѓаните на Република Македонија.

Тоа се за жал и во голема мера забелешките од ЕУ.

Обидот да се тргува со највисоките национални и државни интереси и да се покрие катастрофата со прифаќањето на капитулантскиот договор со кој што се брише името Република Македонија, завршува со големо национално понижување и уште една загубена година за животот на граѓаните на Република Македонија со власта предводена од Зоран Заев.

Македонија е жртва на неодговорните политики на СДСМ како на домашен, така и на меѓународен план. Економијата тоне. Уставниот поредок е поткопан. Правната држава е деградирана. Тоа го нотира и ЕУ, со последната одлука да не даде датум за почеток на преговорите.

ЕУ ни покажа дека понижувањето кое ни го приреди СДСМ не не води никаде. Потребни се суштински реформи. ЕУ ни стави до знаење дека не може држава која под власта на Зоран Заев и паѓа за 17 места на индексот на корупцијата и е најкорумпирана држава на тлото на Европа, да отпочне со преговори.

ЕУ ни порачува дека не може држава со корумпирано судство, кое ослободува човек од обвинение за кое постојат видео записи како бара мито само затоа што неговото име е Зоран Заев да отпочне преговори.

ЕУ ни даде до знаење дека држава во која се местат тендерските спецификации на огласи распишани од државни институции за на нив да може да се пријави однапред позната фирма блиска до власта нема и не може да отпочне преговори.

Зоран Заев потроши повеќе од една година од животот на граѓаните на Република Македонија, а за жал не направи ништо добро за нив!!! ЕУ јасно кажува дека не промената на името, туку вистинските реформи, се тие кои што и се потребни на Македонија. А, позитивни реформи, нема.

Видовме дека планот 3 - 6 - 9 со кој се фалеа Заев и Димитров е само обид за замајување на домашната и меѓународната јавност и едно големо промашување.

Зоран Заев не направи ништо за подобрување на животот на граѓаните. Но затоа, како што некогаш кажуваше, ја свитка кичмата и се согласи за бришење на името Македонија, за промена на Уставот со цел промена на уставното име, за промена и широко толкување на идентитетот, за фуснота за македонскиот јазик и редица други отстапувања. Со тоа негово виткање на кичмата, на Македонците им ги зави срцата во јад.

Зоран Заев трајно ги наруши позициите на Република Македонија. Државата е понижена и ќе бидат потребни долги години работа за враќање на нејзиниот углед на меѓународен план.

За се ова, за велепредавството, за нарушувањето на суверенитетот на државата, но и за сите криминални дејанија кои ги прават, брзо ќе дојде времето кога ќе одговараат. Ќе одговараат и пред судовите и пред народот во Република Македонија.

Зоран Заев и неговите камаради, олицетворени во Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Оливер Спасовски и останатите, мора да си заминат. Државатане смее повеќе да тоне. Македонија мора да тргне напред. Македонија ќе победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 16:10