Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) Љупчо Јаневски денеска е во посета на Дојран каде со градоначалникот Анго Ангов дискутира за активности и проекти кои заеднички ќе се преземат со цел поголем интерес од страна на туристите и поуспешна туристичка сезона.

Од Агенцијата информираат дека градоначалникот на Дојран и директорот на Агенцијата очекуваат рекорден број туристи оваа сезона, земајќи го предвид и одржувањето на „Д фестивалoт“ од 6 до 8 јули кој се предвидува да има 150 илјади посетители.

Пред почетокот на фестивалот, АППТ ќе даде поддршка со реализација на проект за промоција на Дојран на српскиот пазар, со кој ќе се овозможи и промоција на туристичките точки долж трансферзалата Е-75 каде главна точка е Дојран.

На средбата на која присуствувале и државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска и пратеничката Лилјана Поповска станало збор и за неопходноста од соработка на еколошки проекти и проекти на полето на туризмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2018 16:18