Русија не ги признава пошироките овластувања на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ), изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.
- Секако дека нема да го признаеме како легитимно дејство така наречениот Механизам за арбитража, посочи Рјабков.
Тој додаде дека иднината на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје е нејасна.
Земјите членки на ОПЦВ вчера изгласаа значителчно зголемување на своите овластувања, всушност Организацијата не само да констатира хемиски напад, туку и да ги посочи сторителите.
Предлогот за проширување на овластувањата беше поднесено од Велика Британија, а беше изгласан со 82 гласови „за„ и 24 „против“.
Гласањето заврши по дипломатскиот застој во текот на дводневниот состанок, на кој Велика Британија и нејзините сојузници беа на една, а Сирија и Русија на друга страна.