Лос Анџелес доби нова туристичка атракција, но таа е наменета само за луѓе кои имаат над 20.000 следачи на Инстаграм.
На Мелроуз авенијата во западен Холивуд се наоѓа графит пред којшто стои обезбедување и само луѓе кои ќе докажат дека имаат најмалку 20 илјади следачи на Инстаграм, ќе можат да се сликаат пред негo. Покрај обезбедувањето, местото е и оградено, за да не може секој да го види.
На сликата има крилја, срце и натпис „Град на ангелите“, „љубов“ и „уметност“. Многу твитерџии се жалат на дискриминација, оти графитот е достапен само за оние „највлијателните“.