Заканата со санкции од страна на САД не го менува договорот меѓу Турција и Русија за испорака на руските ракетни системи С-400, изјави денеска во интервју за агенцијата Блумберг турскиот претседателски портпарол Ибрахим Кален, пренесува ТАСС.
Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Вес Мичел вчера изјави дека тоа што Турција купува руски ракетни комплекси С-400 ќе доведе до тоа Вашингтон да воведе еднострани санкции кон Анкара, но и до квалитативна промена на билатералните односи. Покрај тоа, САД и се заканија на Турција и дека може да и ја блокираат набавката на авиони-ловци Ф-35.
Вашингтон во неколку наврати посочи дека со купувањето руски ракетен систем Ц-400, Турција не ги почитува интересите на НАТО.