Најмалку шест лица загинаа, а над 20 се повредени откако едно лице отвори оган во новинската редакција на весникот „Капитал“, во Анаполис, Мериленд.
Локалната полиција на Твитер соопшти дека зградата е евакуирана и оти одговарила на повикот, со кој им било јавено дека некоја личност пука кон вработените.
Локалниот шериф Рон Бејтмен изјави дека еден осомничен е уапсен.
Федералното истражно биро соопшти дека уапсениот одбива да соработува. Лицето за време на апсењето немало никаков документ за идентификација.
Претходно, ФБИ наеде дека нападот засега ќе го третира како локален инцидент, а не како терористички акт .
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека е известен за пукањето во Анаполис и оти неговите „мисли и молитви“ се со жртвите. Тој им се заблагодари и на тие кои први реагирале.