Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Само СДСМ без ронка срам може да слави класичен пораз и капитулација на Македонија. Само СДСМ без образ и достоинство може да го лаже народот дека Македонија ги отпочнува преговорите за членство во Европската Унија. Лагите на Зоран Заев не минуваат.

Вештачките, намонтирани насмевки не може да го оправдаат капитулантскиот, неуставен договор со кој што Заев го брише името Република Македонија и ги оспорува идентитетските одредници, јазикот и националноста.

Тешко на Македонија и на граѓаните, доколку за СДСМ е успех, последното место во Европа по корупција и падот од 17 позиции на листата меѓународната Транспарентност. Тешко на Македонија и на граѓаните доколку за СДСМ е успех тоа што Зоран Заев доби уште една амнестија за очигледен криминал и барање поткуп од 200 илјади евра.

Република Македонија вчера доби сериозно предупредување дека капитулантскиот договор не може да ги покрие криминалите на картелот во власта. Граѓаните очекуваат вистински реформи, а не капитуалции на секој чекор. Оваа антидржавна власт мора да си замине. Македонија ќе победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 01:15