Шефови на држави и влади од Европската унија успеаја да постигнат согласност во четири часот и половина утрово, по долги макотрпни преговори. Заклучоците не ги задоволуваат сите, но беа неопходни за да се спаси Шенген зоната.

Од девет часот вчеравечер, Италија се закануваше дека ќе ги блокира целосно заклучоците на Самитот доколку другите 27 лидери не попуштат за неговите барање, однесување кое е ретко помеѓу лидерите на ЕУ.

На крај 28-те се договорија да отворат центри за прием на бегалци на европско тло на волонтерска база и да ја разгледаат опцијата за слични центри надвор од ЕУ.

Овој концепт останува недефиниран целосно.

Станува збор за тие „регионални платформи“ за излез кои би можеле да се отворат во Северна Африка, но Тунис и Мароко веќе ги одбија.

Лидерите одлучија и да ги зајакнат надворешните граници на Унијата, со поголема финансиска помош на Труција и Северна Африка за да не се случат повеќе истите напливи на мигранти како во 2015.

Земјите членки се согласија и дека во иднина Европејците ќе мора да си помагаат за спасувањата на море, оваа задача досега им остануваше речиси целосно на Италијанците, кои освен одговорност за својата спасувачка зона во Медитеранот се грижеа и за либиската спасувачка зона.

Отворањето на центрите на прием на волонтерска база биле најтешката тема цела вечер, бидејќи ниту Франција ниту Италија одбиле да ги примат на своја територија.

Италијанскиот премиер ги поздрави заклучоците на крајот на Самитот и рече дека не е повеќе сам во оваа криза.

Ангела Меркел од своја страна порача дека текстот е задоволителен, но дека разликите остануваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 11:07