Полицијата во Вашингтон уапси 575 лица кои демонстрираа пред американскиот Сенат, против политиката на американскиот претседател Доналд Трамп за имиграцијата.
Демонстрантите извикуваа слогани против „нулта толеранција" на Трамп кон илегалните имигранти.
Меѓу уапсените е и конгресменка, член на Демократската партија, Прамила Џајапал.
Таа на Твитер објави дека е „горда што е уапсена".
Демонстрантите беа воглавно жени облечени во бела облека и носеа ќебиња какви што им биле давани на децата на мигрантите кои спиеле на тенки душеци на под во притворски центри.