Џејмс Матис го зaгубил влијанието во администрацијата на Трамп и неговата иднина како секретар за одбрана на САД сега е во прашање, oбјави Гардијан повикувајќи се на изјави од поранешни административни функционери и аналитичари.

Можната смена ги загрижува сојузниците „со кои работеше напорно за да ги разубеди во едностраните акции на Трамп и потценувајќи забелешки, ветувајќи солидарност и соработка", наведува Гардијан.

Во прилично нервозното расположение пред јулискиот самит на НАТО, европските партнери на американскиот министер за одбрана гледаат како на симбол на континуитет во обично каприциозната Трампва администрација.

Меѓутоа, постојат назнаки дека сè повеќе се оддалечува од Белата куќа.

Според извештаите, Матис „испуштил" многу од одлуките на Трамп - како што е напуштањето на Иранскиот нуклеарен договор во мај, прекинот на заедничките воени вежби со Јужна Кореја и доверливата наредба на претседателот за формирање нови „вселенски сили", и покрај поинаквите совети на Пентагон, нагалсува весникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 11:41