Влатко Ѓорчев во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 кажа дека граѓаните се тие кои што ќе проценат кој ги почитува Уставот и законите, дали претседателот Иванов или Заев. Пратеникот Ѓорчев посочи дека се повторуваат епизоди од минатото каде што Македонци се обвинувани и судени затоа што ја штителе Македонија.

-Претседателот Ѓорѓе Иванов кога ја преземаше функцијата се заколна пред Уставот и законите на Република Македонија, велејќи дека ќе го почитува, брани и спроведува Уставот на Република Македонија. Истата заклетва ја имаше дадено и Зоран Заев велејќи дека ќе го почитува, брани и спроведува Уставот на Република Македонија. Колку Уставот на Република Македонија го почитува претседателот на Република Македонија, а колку Зоран Заев граѓаните гледаат, слушаат и јасна им е работата, вели Ѓорчев.

Ѓорчев потенцира дека единствениот во моментот кој ги штити Уставот и законите е претседателот Ѓорѓе Иванов, што не им оди во корист на владејачкото мнозинство кое сака да протурка штетен договор заобиколувајќи ги сите процедури и закони.

Нападите кон претседателот и закани дека ќе биде санкциониран доколку не постапува онака како што посакува власта ќе одговара кривично, ова не го кажува било кој туку потпретседателот на Зоран Заев во СДСМ Мухамет Зекири.

Влатко Ѓорчев објасни дека ова е веќе режим во настанување, ова е режим кој функционира во Република Македонија, ова никогаш и се нема случено на Македонија.

Пратеникот објасни дека нам ни се случуваат нови епизоди на Ристо Шишков, „Среќна нова 49-та“ во однос на намерите на Мухамет Зекири кој најавува дека ќе го гони претседателот на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 12:11