Претставничкиот дом на САД му одобри буџет од 675 милијарди долари на Министерството за одбрана, со кој е предвидено 2,6 отсто зголемување на финансиските средства за армијата.

Тој беше усвоен со 359 гласови, против се изјаснија 49, и ќе замине на разгледување во Сенатот.

Вкупно 146 милијарди долари ќе бидат наменети за воена опрема, вклучувајќи 22,7 милијарди за 12 брода, две подморници и три брзински чамци за водење на борби во крајбрежните зони.

Уште 9,4 милијарди долари се предвидени за 93 авиони Ф-35 и четири милијарди за Блек Хоук, Апачи и други хеликоптери.

Според републиканецот Кеј Грејнџер, кој претседава со една од поткомисиите за одбрана, со овој предлог закон се претставени потребните ресурси „за одговор и спречување на закани од земји како Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, како и за справување со екстремистите низ целиот свет".



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 13:16