Министерот за земјоделие Љупчо Николовски и Владата на Зоран Заев повторно ги понижија земјоделците. Наместо обештетување, земјоделците добија срамни 600 денари на своите сметки.

Во текот на вчерашниот ден земјоделците уште еднаш беа потценети и омаловажени од Владата на Република Македонија и министерот за земјоделие.

Министерот Љупчо Николовски и Владата не ги исполнија ниту своите минимални ветувања кои ги дадоа пред земјоделците. Земјоделците не ги добија ниту оние 10% за обештетување за измрзнатиот лозов насад за 2017 година со кои не можат да ги покријат ниту основните трошоци.

Скандалозно е што во текот на вчерашниот ден на сметките на земјоделците од Министерството за земоделије беа префрлени срамни од 600 до 900 денари по декар во зависност од степенот на измрзнување, кое во тиквешието беше од 80 до 100 проценти. Со ваквиот срамен потег министерот за земјоделие на најнизок начин ги навреди земјоделците.

Уште поскандалозно е што истовремено додека се случува овој срамен чин, сите земјоделци од Општина Неготино и регионот добија опомена пред извршување од АД Водостопанство Тиквеш. Опомена во која што не е наведено за која година станува збор, притоа не земајќи во предвид дека овие опомени се обжалени бидејќи изминатата 2017 година земјоделците не ги полева своите лозови насади.

На овој начин наместо да се стимулираат земјоделците тие се деградидаат со дополнителни нереални и непотребни трошоци. Министерот Николовски и Зоран Заев си поигруваат со македонските земјоделци, со нивната мака и со нивниот труд.

Земјоделието во Република Македонија е на колена и во очајна состојба. Земјоделците се понижени, откуп нема и родот на земјоделците наместо на пазар завршува на буниште.

Владата на чело со СДСМ ја покажа и докажа својата несособност да се справува со проблемите на земјоделците.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 14:07