Трговијата на мало на храна, пијалаци и тутун во мај годинава во однос на мај лани бележи номинално зголемување за 13 проценти, а реално за 9,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци кај непрехранбените продукти освен горивото во трговијата на мало е забележано номинално зголемување за 7,7 проценти, а реално за 4,9 проценти, кај трговијата со горива има номинално зголемување за 10,3 процнети, а реално за осум отсто и кај трговијата на мало со автомобилски горива номинално има зголемување за 12,8 проценти, а реално за 1,9 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 14:56