Во Романија од 1 јули стапува во сила зголемувањето на пензиите за 10 проценти до 1.100 леи (1 евро=4,66 леи) во нето вредност, а минималната загарантирана пензија ќе се зголеми за 23 проценти од 520 леи на 640 леи, јавија денеска романските медиуми..

Истовремено, зголемувањето на трошоците за пензии и плати во буџетскиот сектор доведе до речиси четирикратно зголемување на буџетскиот дефицит во првите пет месеци од 2018 година во однос на истиот период лани, односно на 8,14 милијарди леи (0,88 проценти од БДП), соопшти Министерството за финансии.

- Ако продолжиме со овој ритам на зголемување на трошоците за социјална помош и плати, до крајот на годината парите нема да ни стасаат, изјави претседателот на Фискалниот совет Јонуц Думитру.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 15:03