Фирмите што се занимаваат со градежна дејност минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.701.532.000 денари, што е за 24,9 проценти помалку во однос на претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата „Материјали за врзување“ со 3.574.938.000 денари (36,8 проценти), потоа следат групите „Потрошено гориво“ со 1.336.566.000 денари (13,8 проценти), „Изолациски материјали и премази“ со 1.184.713.000 денари (12,2 проценти).



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 15:07