Либиската крајбрежна стража денеска соопшти дека 100 мигранти се сметаат за исчезнати и оти се стравува дека се мртви откако нивниот брод се превртел во близина на брегот на Либија.
- Крајбрежната стража успеа да спаси 14 мигранти од бродот, соопшти портпаролката на крајбрежната стража, додавајќи дека нема податоци за точниот број на ммигранти кои биле на бродот, ниту за нивните националности.
- Бродот се превртел источно од Триполи, а 14 мигранти беа спасени, рече портпаролот, додавајќи дека не е јасно кога заминале на пат кон Европа, ниту од која земја тргнале.