„Еуроникел“, компанијата подружница на ГСОЛ, инвеститоорт во ФЕНИ индустри, во контактите со менаџментот на компанијата за производство на огнооотпорни материјали Нова Рефрактори од Пехчево изрази заинтересираност за влез во акционерската структура на оваа компанија, соопшти денеска „Еуроникел“.

Доколку ова се оствари, информираат, ќе има огромно значење за развојот на компанијата и креирање нови работни места, како и големо значење за Пехчево од аспект на развојот на економијата, соопшти денеска „Еуроникел“.

Оттаму истакнуваат дека Нова Рефрактори повторно работи профитабилно по рестартирањето на ФЕНИ Индустри.

Нова Рефрактори, како што укажуваат, беше еден од најголемите снабдувачи со огноотпорни материјали во регионот, дојде до работ на банкрот и со повторното производството на Фени Индустри, е спасена и продолжи со редовни испораки на своите производи.

Во март годинава беше рестартирано производството во ФЕНИ Индустри од страна на инвеститорот ГСОЛ преку неговата подружница „Еуроникел“.

- Ова значеше позитивен импулс за НОВА Рефрактори заради фактот што „Еуроникел“ ги исплати заостанатите долгови на Нова Рефрактори и ги обнови комерцијалните односи, а НОВА Рефрактори започна со редовни испораки на огноотпорни материјали на ФЕНИ Индустри, се вели во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 15:59