Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека најпроблематичниот дел од договорот за миграција ќе биде спроведувањето на договорот, кој го постигнаа европските лидери по девет часа „пазарење“.

- Што се однесува до нашиот договор за миграција, рано е да се зборува за успех, изјави Туск на прес-конференцијата во Брисел.

- Успеавме да постигнеме договор, но тоа е всушност полесниот дел од работата во споредба со она што претстои на терен, кога ќе почнеме да го применуваме, потенцира Туск.

Што се однесува на Брегзит, тој истакна дека претстои уште многу работа и дека најтешките прашања не се решени.

Лидерите на Европската унија, по речиси 10 часа преговори на Самитот во Брисел, пред зори, постигнаа договор за миграција.

Во заклучоците кои се поврзани со миграцијата се наведува дека „Европскиот совет е одлучен ... да спречи враќање на неконтролираниот прилив на мигранти како во 2015 година и да се спротивстави на илегалната миграција на сите постоечки рути, и на оние кои сега се појавуваат".



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2018 16:10