Остатоци од дрога - кокаин, екстази и амфетамин - се наоѓаат во многу реки низ Европа, вклучувајќи ја и Темза, се наведува во нови истражувања, а научниците од Европскиот контролен центар за зависност од дроги откриле дека Лондон има најголема концентрација на кокаин во канализацијата.

Траги од дрогата има во реките поради исфрлање од телото на зависниците, поради што се појавуваат опасни здравствени проблеми за некои риби.

Просечното дневно количество супстанци изнесува околу 737 милиграми на 1.000 луѓе.

Група научници уште во 2005 година во Италија пронашла големи количества нуспроизводи на кокаин - бензоилекекгонин (што може да се најде во урината на корисникот), на површина на реката По.

Тоа е количество од околу четири килограми кокаин во реката секојдневно.

Во новата студија научниците од Неаполскиот универзитет Федерико Втори ставиле европски јагули во вода, која содржела помало количество на кокаин (слично на она кое е пронајдено во реките) и ги оставиле таму 50 дена.

Рибите се однесувале хиперактивно во споредба со другите риби од незагадена вода.

Кокаин се собирал на нивните мускули и други ткива.

Коскеното ткиво им било сериозно оштетено како и мускулите, а телото отечено.

Повредите не исчезнувале ниту по десет дена од извлекувањето од таквата вода.

Ана Капалдо, биолог и шеф на студијата за влијанието на кокаинот врз јагулите, тврди дека зголемениот допамин предизвикан од кокаин може да придонесе за застој на развојот на јагулите, со што нивното размножување е загрозено.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 01:13