Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски
Промената на името, Уставот, идентитетот, јазикот и откажувањето од се што е македонско само за СДСМ е добра вест. Доколку поради СДСМ, Македонија успеала каде е прославата?
Заев по кој знае кој пат ги излажа граѓаните на Република Македонија. Колнејќи се во своите предци и идни поколенија вети дека нема да го промени Уставот, идентитетот и јазикот. Се колнеше и повторно излажа. Договорот за промена на името кој го потпишаа Заев и Димитров со Грција е штетен и капитулантски. Со овој договор владата на СДСМ и Заев ја запечатуваат судбината на државата и го менуваат името на Македонија засекогаш. Со ваквиот договор Заев го понижи македонскиот народ и го стави во подредена положба.
Портите на ЕУ и НАТО, ќе останат затворени се додека криминалниот каретел е на власт. Во ЕУ и НАТО нема место за корумпирани политичари, аболицирани, амнестирани, ослободени од партиското судство. Во ЕУ и НАТО нема простор за држави чија економија е девастирана со корупција, а се богатат само фирмите на картелот на власт. Во ЕУ и НАТО нема место за здравствен и образовен систем кој тоне.
На Македонија и се потребни вистински реформи, на граѓаните им се потребни дела, а не празни флоскули и капитулации на сите страни. За сето ова да се случи Заев и актуелните функционери на СДСМ мора што поскоро да заминат во политичка пензија. Само така Македонија ќе победи.