Германија денеска постигна договор со Шпанија и со Грција за враќање на мигрантите кои се регистрирани во тие две земји, додека со Италија не се договоривме, изјави германската канцеларка на крајот на Самитот на ЕУ во Бриосел.

Таа додаде дека Владата во Мадрид и во Атина се согласиле повторно да ги примат мигрантите директно од германска граница.

- Со тие две држави дополнително ќе разговараме за тоа како може да им се помогне за прифаќање на мигрантите, посочи Меркел.

Од друга страна, италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека договорот за миграција не предвидува Италија да ги прими назад мигрантите кои заминале во Германија.

- Не потпишав никаков посебен договор со Меркел за враќање на мигрантите, наведе Конте во Брисел.

Германската канцеларка денешниот договор на Самитот на ЕУ за миграцијата го оцени како одлучен чекор во правец на заедничката европска политика на азилот.

- Тоа што овде го постигнавме најверојатно е повеќе отколку што очекував. Не сме на крај од патот, посочи Меркел и додаде дека е убедена дека ЕУ е поблиски до можно европско решение за мигрантската криза, наведе Меркел, додавајќи оти за резултатите од Самитот уште вечерва ќе разговара со своите коалициски партнери, кои и поставија услов што побрзо да пронајде решение за миграцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 01:37