Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на телевизија Телма, вели Македонија денес се наоѓа во иста позиција како и во 2008 година кога Македонија добила вето од јужниот сосед и покрај сите реализирани реформи во делот на одбраната како најважни реформи за влез во НАТО.

-Ние сме во иста ситуација како и во 2008 година. Разликата е во тоа што генералниот секретар прави позитивна атмосфера со своите изјави, можеби да ги насочи граѓаните како да размислуваат за договорот со Грција. Решете го името за да влезете во НАТО. Ќе видиме дали и како ќе помине договорот. Столтенберг кажа дека без решение за името нема да има членство во НАТО, истакна Николоски.

Потпретседателот на партијата праша дали некој од владата може да излезе и да каже кој ден, месец и која година ќе имаме почеток на преговорите, праша Николоски, потенцирајќи дека се знае само 2019 година додавајќи дека тоа не е доволно за Република Македонија.

Николоски додаде дека тој неколку пати во неколку негови гостувања кажал дека Бујар Османи намерно го кочел процесот на Македонија, само за Македонија не биде поуспешна и понапредна од Албанија, со што само се потврди дека ја говорел вистината по тоа што Македонија и Албанија сега се ставени во ист кош.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 01:51