Заев вети генерален реизбор на судиите па се откажа откако му пресудија како што си нарача, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во Топ Тема на телевизија Телма.
Според свои меѓународни извори, Николоски посочи дека меѓународниот фактор немал доверба во претходниот министер и посочиле дека доколку тој се зафател со реформи, уште повеќе ќе ја заплеткал работата.
-Тоа што треба да се направи со судството е потребно не денес- туку вчера. Судството и Обвинителството се најслабата алка во оваа држава, вели Николовски.
Постојат цели картели во судовите низ Македонија. Има два модела или реизбор или проверка на судиите односно таканаречен ,,vetting’’.
Ако не се сменат судиите, подобро да не се трудиме во Собранието забележа тој.
Николовски најави дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе направи целосен реизбор и целосна проверка на оние судии кои ќе останат во судскиот систем, забележувајќи дека има и чесни исклучоци во судството кои чесно си ја вршат својата работа