Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на Германија и други европски држави дека треба повеќе да трошат на НАТО и оти „не се фер кон САД“.

Тој во изјава дадена во претседателскиот авион на пат кон Њу Џерси, изрази незадоволство од сојузниците на САД бидејќи не вложуваат доволно во трошоците на Северноатланската алијанса за одбранбени цели.

- Германија треба да троши повеќе пари, како и Шпанија, Франција... Не се фер кон САД, нагласи Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2018 17:38