Заев и Димитров потпишаа договор со Грција кој е штетен и капитулантски.
Заев ги излажа граѓаните дека Република Македонија ништо не губи со овој договор. Со овој договор директно се задира во идентитетот и јазикот, директно се менува Уставот и секаде ние ќе бидеме Северна Македонија.
Со потпишувањето на овој крајно штетен договор се откажавме како држава од привремената спогодба помеѓу Република Македонија и Грција, од 13 септември 1995 година, со која Грција се обврза да не го блокира нашето пристапување кон меѓународните организации под привремената референца.
Исто така се откажавме и од позитивната пресуда на меѓународниот суд во Хаг од 2011 година, каде се нотира дека Македонија е во право, а Грција не е, и истовремено и се наложува на Грција дека не смее Македонија да се блокира за понатамошно членство во ЕУ и НАТО.
Заев врши секојдневна пропаганда врз граѓаните на Република Македонија дека нема да има промена на кодовите. Овој договор за промена на името кој што го потпишаа Заев и Димитров предвидува кодовите да се сменат и наместо МК и МКД ќе биде НМ и НМК.
И со ваквата капитулација на Зоран Заев, Македонија не ги почна преговорите за членство со Европската Унија. Добивме само надеж дека ќе ги започнеме во 2019-та година ако се исполнат реформите за кои оваа безидејна и неспособна власт цела година не лажеше дека ги спроведува.
Вакви дополнителни услови им се доделуваат на земји за кои ЕУ не е сигурна дека го заслужуваат местото во унијата.
Заев ја запечатува судбината на државата и го менува името за кое генерации и генерации се бореле и го дале својот живот за идејата за своја држава.
Заев на овој начин го понижува целиот македонски народ .
Ова понижување не смее да продолжи.
Зоран Заев и СДСМ мора час поскоро да си заминат од македонската политичка сцена.
Република Македонија мора да тргне напред.