Поради одржување на спортската манифестација Европско атлетско првенство во планинско трчање, што во организација на Атлетска федерација на Македонија ќе има пренасочување на сообраќајот до Средно Водно.
Во периодот од 07.00 до 16.00 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе пренасочување на сообраќајот на улицата „Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект хотел „Панорама“ па се до Средно Водно, како и од с. Нерези (етно село) до Средно Водно.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат времените сообраќајни мерки.