Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ ги потценува граѓаните и си поигрува со нивната интелигенција. Намалувањето на цената на електричната енергија од само 0,1 отсто е доказ како Зоран Заев го подразбира подобрувањето на стандардот на граѓаните кои што го ветуваше.

Сите оние кои плаќале струја по 3000 денари со „огромното достигнување“ на Зоран Заев и со „подобреното работење“ на ЕЛЕМ, ќе плаќаат по 2997 денари, односно за цели 3 денари помалку. На годишно ниво, со ваквиот успех на Владата на Заев, граѓаните ќе заштедат цели 36 денари.

Почитувани,

Да не беше трагично ќе беше смешно.

Меѓутоа, пред неполни две години, истиот Зоран Заев и истиот СДСМ побараа намалување на електричната енергија за цели 30%. Нивниот аргумент беше дека цената на регионалните берзи била ниска и Регулаторната комисија морала да го земе предвид тој факт и да донесе одлука со која што би се намалила цената на струјата за една третина.

Послушниците на Заев, тогаш се подбиваа со одлуката на комисијата која што ја намали цената за 0,33% или тројно повеќе од тоа што е намалена сега.

Почитувани,

Цената на електричната енергија на регионалните берзи е приближно иста како што била во јуни 2016 година. Згора на тоа ЕЛЕМ се пофали со намалување на трошоците и зголемување на профитот на компанијата.

Оттаму, отворено се поставува прашањето зошто Зоран Заев сега не го исполни ветеното, односно не го реализира тоа што го бараше во 2016 година?

Граѓаните прашуваат, зошто Зоран Заев не ја намали струјата за 30% како што ветуваше пред да дојде на власт? Каде одат парите кои СДСМ им ги зема на граѓаните? Дали граѓаните ги плаќаат сомнителните милионски тендери за ископ на руда за РЕК Битола? Колку пари ги чинат граѓаните струмичките камиони кои секојдневно влегуваат и излегуваат од РЕК Битола? Колку од овие пари завршуваат во семејството Заеви кои биле сопственици на овие камиони за кои што претходно јавноста можеше да види од нашите прес конференции? Колку од овие пари завршуваат во фирмите донатори на СДСМ како што е Делукс Ауто од Куманово? Уште колку тендери за набавки на возила или скапи неспособни советници ќе плаќаат граѓаните од нивните пари?

Време е да се стави крај на лагите, расипништвото и неспособноста на оваа власт. Зоран Заев може да обезбеди подобар живот, но може само за Вице и за криминалниот картел на власт и затоа Зоран Заев мора веднаш да си замине.

Македонија мора да победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 01:40