Реакција на изјавата на министерот Љупчо Николовски:
Добро е што се нафати Љупчо Николовски конечно да тампонира патишта, но главниот проблем е што нема ништо на нивите. А нема затоа што земјоделците се запоставени, маргинализирани и затоа што нема никаков слух за нивните барања.
Субвенциите се кратат, нема нови огласи за распределба на ново земјиште, стопирани се сите проекти за поддршка на земјоделците. Тоа е жалната реалност на македонските земјоделци а крахот во земјоделието почнува со Николовски.
Наместо да ја замајува јавноста со тампонирање, Николовски нека ги засука ракавите и нека почне да ги решава проблемите на земјоделците.