Полска не влегла во никаков договор за прием на баратели на азил од Германија, соопшти портпаролот на полското Министерството за надворешни работи.
- Нема нови договори во врска со приемот на баратели на азил од земјите на ЕУ, го потврдуваме тоа како што направија Чешка и Унгарија, изјави портпаролот на полското министерство Артур Ломпарт.
Претходно и Унгарија и Чешка негираа дека се меѓу 14-те земји, кои ги спомна германската канцеларка Ангела Меркел, а кои се подготвени да потпишат договор со Германија за забрзување на процесот на реадмисија на барателите на азил депортирани од Германија.