Полицијата на американската сојузна држава Ајдахо соопшти дека девет лица се хоспитализирани, а 30-годишен маж бил уапсен по масовно прободување, најверојатно со нож, во станбен комплекс во градот Бојзи, каде што биле сместени многу бегалски семејства.

Локална телевизиска станица 7KTVB јави дека централната улица на градот е блокирана во должина поголема од 1,6 километри и дека полицијата не знае што е мотивот за нападот, кој се случи ноќеска.

Началникот на полицијата на Бојзи, Бил Боунс вели дека е делот од улица може да биде отворен за неколку часа, но, дека областа околу станбениот комплекс ќе остане блокирана за најмалку 24 часа.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 19:29