Радио Слободна Европа

Со децении жителите на узбекистанскиот град Коканд во источен Узбекистан можеа да очекуваат дека ќе видат ангел- оскудно облечен- со бели крила кои се стратешки поставени за да ги покриваат голите гради.

Но таа слика, фреска од советската ера наречена Средба на истокот и западот, која го красеше ѕидот на локалниот театар, е уништена. Сега ангелот гледа во жителите на градот преку несмасно доцртан превез додека преку фигурата на ангелот, некогаш мала прекривка, сега заменета со безлична, преголема облека.

Кој е одговорен за промената што се случила во текот на минатото лето останува непознато. Еден од критичарите го опиша ова доцртување како чист „,молерај“ , кој „нема врска со уметност“. Но уметникот, авторот на фреската и убекистанската влада си зададоа цел да го откријат.

Узбекистанските официјални лица и уметниците ги осудија измените, оквалификувајќи ги како вандализам. Узбекистанската влада истражува кој е одговорен, а во меѓувреме го доведе авторот на муралот Баходир Џалолов во Коканд за да види дали може да го врати во првобитната состојба.

Ангелот на фреската не е единствениот кој доживеа преобразување.

- Неколку историски личности прикажани во униформи на советската армија добиле локална пастирска облека, вели критичарот Акмал Ризаев, кој неодамна ја посети локацијата на која се наоѓаат цртежите.

Како што тврди Ризаев, измените се направени по наредба на поранешниот градоначалник на Коканд пред посетата на премиерот Шавкат Мирзијојев во јуни 2017 година. РСЕ не успеа да го исконтактира поранешниот градоначалник Рахматали Џалилов кој пролетта 2018 го заврши својот мандат.

Џалолов, авторот на муралот, вели дека неодамна разбрал дека неговото уметничко дело било подложно на трансформација.

Уметникот, чии дела се изложувани и во државата и во странство, вели дека не бил консултирам или информиран за плановите да се измени муралот во Каканд.

- Уште сум жив, не сум умрен. Не разбирам зошто моите слики се касапат, изјавил Џалолов на 22 јуни за Узбекистанскиот сервис на РСЕ.

- Му пишав на претседателот и се жалев за вандализмот, вели Џалолов.

Министерството за култура потврди за РСЕ дека фреската во Каканд навистина била „уништена“, за што од министерството ги обвинија Џалилов и неговата администрација.

Претставничката на министерството, Мавлуда Аскаркоева, изјави за РСЕ дека министерството формирало истражен тим, кој пристигнал во Коканд во средината на јуни.

Аскаркоева рече дека канцеларијата на поранешниот градоначалник одлучила да го покрие телото на полуголиот ангел, бидејќи сметале дека сликата не е во согласност со узбекистанските морални стандарди.

Слично на тоа, сликите на советските војници биле изменети затоа што не се вклопувале со узбекистанаската традиција, додаваат официјални лица.

- Министерството го осудува овој чин со кој е нанесена штета на културното наследство по нивна заштите, вели Аскаркоева. „Кога истражувачкиот тим ќе ја заклучи својата истрага, министерството ќе бара казна за сторителите“.

Сегашната градска администрација вели дека соработувала во интерес на истрагата со Министерството за култура и се надева дека муралот може да се реставрира.

Џалолов пристигна во Коканд на 25 јуни за да започне со реставрација.

-Сите овие насликани фигури се дел од нашата историја прикажани преку уметноста, изјави уметникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 20:07