Германската амбасада во Анкара побара од Турција да го објасни затворањето на германско училиште во Измир.
- Филијалата на училиштето на германската амбасада беше затворена на 29 јуни од локалните служби на турското Министерство за образование, се вели во соопштението на амбасадата, која бара од турската влада да ги објасни причините за одлуката што е можно побрзо.
Берлин и Анкара работат на нормализирање на односите по засилувањето на тензиите минатата година за време на референдумот во Турција, како и во врска со репресиите што следеа по неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година.
По реизборот на Ердоган, германската канцеларка Ангела Меркел му испрати честитка, со желба таа да биде „партнер со една стабилна и плуралистичка Турција".