Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и моторџии од неколку мото клубови во главниот град денеска на средба разговараат за плановите на град Скопје за регулирање на паркирањето мотори.
Моторџиите, кои се собраа на предупредувачки протест пред канцелариите на град Скопје, му порачаа на градоначалникот „да не прави проблеми таму каде што ги нема и да ги решава вистинските проблеми во соообраќајот во Скопје“.
Градоначалникот Шилегов, пак образложи дека сезонава паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ се планира да се означат места за паркирање на мотори и моторцикли и услугата да биде бесплатна. Откако ќе се создадат навики и ќе се изгради култура за правилно паркирање на моторите, според Шилегов, веќе од следната сезона предвидено е да почне да се наплаќа паркинг услугата и за моторите.