Неидентификувани беспилотни авиони биле урнати крај руската воена база „Хмејмим" во Сирија, соопшти денеска портпарол на базата.

Според податоците на руската армија, воената база не претрпела никаква штета во инцидентот.

Истовремено израелската армија соопшти на Твитер дека денеска распоредила уште тенкови и артилериски делови по сирискиот фронт, како превентивна мерка поради зајакнувањето на борбите на границата меѓу силите на Дамаск и бунтовниците.

Армијата додава дека Израел продолжува да се држи до својата политика на немешање во сириската граѓанска војна.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 20:36