На 72-годишна возраст почина поранешниот директор на Националниот историски музеј Божидар Димитров, објави новинската агенција ФОКУС.
Историчар по образование, тој беше министер без ресор, одговорен за Бугарите во странство во првиот кабинет на Бојко Борисов.
Починал пред зградата во која живее. Одеднаш се фатил за градите и паднал на земјата, јавуваат бугарските медиуми.
Негови блиски претпоставуваат дека станува збор за белодробна емболија.
Починал додека ја чекал ќерка си Марија. Денеска и бил роденден и таа требало да помине и да ги земе родителите за да одат и заедно да прослават.
Тие што го познаваат, вклучувајќи и многумина во МАкеоднија велат дека станува збор за исклучителен човек. Во однос на Македонија, се разбира, неговите ставови беа исти – негаторски – какви што се впрочем и ставовите на сите бугарски историчари.