Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Љупчо Николовски, дадено за порталот „Радио Слободна Европа“

Повеќе од една година откако СДСМ е на власт, земјоделието се наоѓа во целосен хаос. Се намалија субвенциите, има проблеми со откупот и откупните цени се ниски.

Николовски е неспособен. Незнаејќи како да го оправда хаосот што го создаде, се служи со лаги за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт имаше поголеми и редовни субвенции, посигурен откуп и поголеми откупни цени.

Во врска со субвенционирањето, министерот се повикува на извештајот од „Проектот за оценка на влијание на субвенциите и ИПА поддршката во земјоделскиот сектор” изработен од странски експерти, но вешто одбегнува да ги презентира фактите. А тие се следните:

- Според анализата субвенциите дале најголем ефект во сточарството, кај фармите кои одгледуваат добиток и произведуваат сточна храна, додека за другите сектори државата треба да воведе дополнителни, но и поинакви мерки.

Во периодот 2014 – 2015 година со помош на субвенциите за 20 отсто се зголемил просечниот бруто приход на фармите, но не и нивниот физичкиот обем. Генерално, оние фарми што добивале субвенции ја зголемиле продуктивноста, а имале и повисоко ниво на тековни средства. Во периодот, пак, 2009 – 2015 година, како резултат на субвенциите забележан е раст на производството кај овошјето и зеленчукот. Според ова субвенциите дале резултати и препораките се во насока на надградба на мерките, што се сомневаме дека оваа раководна гарнитура во Министерството има капацитет да го разбере и спроведе. Токму заради тоа во условениот извештај на ЕУ, како еден од главните проблеми беше потенцирано и земјоделството. Сигурно произлегува и од извештајот за напредокот на Република Македонија во поглавјето 11, каде после подолго време имавме најлош извештај.

- Најголем дел од проблемите со наводнувањето на земјоделските површини се создадоа во времето на владеењето на СДСМ, односно со донесувањето на Законот за преструктуирање на водостопанството од 2003 година кога се влезе во процес на ликвидација на водостопанските претпријатија и во наредните две години ниедно претпријатие не работеше. Вработените не земаа плата по 15-тина месеци. Тогаш СДСМ остави 2000 вработени на улица. Истовремнено водните заедници се формираа на сила само за да се покаже за успешен проектот на Светска банка за кој владата на СДСМ доби грант од 20 милиони долари. Така се изгубија најголемиот дел од функционалните линии за наводнување. ВМРО-ДПМНЕ макотрпно работеше на овој проблем и донесе 10-годишна стратегија за водоснабдување, формирајќи јавно претпријатие и обезбедувајќи по 20 милиони евра годишно за инвестирање во водостопанските системи, сума која е далеку поголема од 12-те милиони кои ги спомнува министерот во ова интервју.

Николовски повеќе од една година демонстрира целосна неспособност, неработа и незнаење. Земјоделците ги чувствуваат ефектите од катастрофалното владеење на СДСМ. Оваа власт мора час поскоро да си замине, за земјоделието да тргне напред.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2018 23:36