Партискиот музеј на ВМРО-ДПМНЕ може да биде симбол само на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Експертска група на Министерството за култура побара утврдување на лична одговорност на одговорните лица за изградба на Музејот, затоа што констатира суштински прекршувања на неколку закони и судир на интереси при реализацијата на идејата за изградба.
Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го одбрани напрвениот криминал. Најголема лага е тврдењето дека на било каков начин се брише македонската историја. Напротив.
Токму експертската група констатира „искрививање на историските вистини при формирање на македонската држава“ и предлага „соодветна промена и на постојната музејска поставка во оние делови кои се спротивни на историските вистини“.
Зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака вистинска, реална слика за историските вистини?
Што има против ВМРО-ДПМНЕ во Музејот да бидат прикажани оригинали - документи за македонската историја, карти, фотографии, публикации и др., наместо восочни фигури изработени во Украина - кои не се дел од нашето историско и културно наследство?
Зошто ВМРО-ДПМНЕ се против експертските укажувања во Музејот да бидат прикажани и настани и документи и од перодот на прогласување на независноста на 8. Септември 1991 па се до денес?
Наместо скапо платените восочни фигури на Хитлер, Мусолини и Ванчо Михајлов, кои се симбол на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, вистинската македонска историја треба да си го најде соодветно место.
Не затоа што така сака некоја партија, тоа време заврши, туку затоа што така е правилно, врз основа на соодвена научна и стручна проценка на оние коишто се најповикани, експертите.