Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Миле Јакимовски

СДСМ е вистинска временска непогода за земјоделието, а земјоделците се тие кои ја чувствуваат штетата. Откупот на пченица е под сериозен ризик и ниту една лага на СДСМ не го решава проблемот.

Доколку откупот на пченица навистина не е спорен, зошто на недела дена пред жетва земјоделците се уште не ја знаат цената и другите услови по која ќе се врши истиот?

Доказ дека власта лаже е и молчењето на државата по кои цени и услови и таа ќе го врши откупот, а за потребите на државните резерви.

Неспособноста на оваа власт е очевидна. Земјоделците повеќе од една година ги чувствуваат последиците од деструктивното владеење на СДСМ.

Власта лаже дека има партнерски однос со земјоделците. СДСМ е демантирани лично од најголемиот производител на пченица во државата и претседател на потсекторската група за житни култури при МЗШВ, кој јавно кажа дека досега никој ниту го повикал, ниту побарал состанок, а во насока на изнаоѓање на решение.

Со кога се договора власта, ако не со вистинските земјоделци?

Власта е фатена како лаже. Земјоделците се жртва на целата катастрофална политика на оваа власта. Оваа влада мора да си замине. Земјоделците заслужуваат подобро.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 00:04